Почетна » Актуелно
Актуелно во SIMPO

НОВО ВО СИМПО - КОЛЕКЦИЈА 2013. Во оваа колекција за 2013 година представуваме дури 40 нови модели на гарнитури, дневни престој, душеци, и плочест мебел, ште е апсолутно рекорд во последните 10 години. Колекцијата СИМПО 2013 се карактеризира со префинета естетика, инспиративни иновативни детали и функционално-естетски интегрирани актуелни дизајнерски трендови. Од колекцијата издвојуваме неколку главни новитети:
VENUS

Софа која нуди удобност за дневно опуштање благодарејќи на неколкуте наслони за глава и рако наслони кои се подесуваат за идеална удобност. Складни пропорции и префинет дизајн на полираните ногари, како и луксузниот квалитет на кожа, допридонесуваат за шармот на оваа отмена дама. Во гарнитурата има и механизам и душек за здраво секојдневно спиење.

SOHO

Триумфот на модернизмот е остварен токму преку дизајнот на оваа софа. Монолитно организиран органски облик на корпусот и раконаслоните е истакнат со интензивни колоритни материјали и дополнително е нагласен преку облините на опшиените рабови на седечките јастуци пресвлечени во оригинални дезени на штоф.

GALAXY

Солидна граѓа преточена во компактна форма на благо заоблена линија која дава чувство на мекост и првокласна кожа. Оваа софа се препорачува за љубителите на класичната линија. За дополнителна удобност допридонесуваат подесувачките наслони за глава. Вграден механизам со душек за секојдневно спиење.

UNI

Мултифункционален ѕиден систем составен од пет поеднични елементи. Флексибилен дизајн кој овозможува бројни комбинирања. Поради модуларните особини, совршен е за опрмување на мали простори, посебно за дневни соби, трпезарии и канцеларии. Геометриската едноставност на обликот, контрастни мат и сјајни површини, колоритната хармонија на тонот темен даб и бело кафе, со акцент на портокалово, даваат амбиент на висок естетски квалитет.

TIFFANY 2013

Софистицираниот програм на дневна соба ТИФАНИ, доби свое редизајнирано и дополнително издание со систем на стаклени врати. Освен во завршната обработка висок сјај во бела и црна боја, сега е достапен и во елегнтен тон на орев.



© 2012 Simpo A.D. All Rights Reserved.