VIOLA

VIOLA

ДУШЕК СО ЈАДРО ВО ЏЕБ

АРОМАТИЧЕН СПОЈ НА ПРИРОДАТА И ТЕХНОЛОГИЈАТА

Во желба да на корисниците се овозможи вистински бенефит на удобност и луксуз наменет за истенчен вкус на специфичните клиенти, душекот Viola е дизајниран така да претставува идеален спој на технологија и природни материјали. Со користење на висококвалитетни природни материјали и пресувани кокосови влакна кои ја врзуваат влагата од горните слоеви на душекот, се овозможува најздравата средина за спиење. Слојот од мемори пена ја подобрува циркулацијата и обезбедува максимална релаксација на телото. Летната, а посебно зимската страна на душекот збогатена со волна како природен изолатор, ги задоволува сие индивидуални потреби и навики на корисникот. Приказната за врвна удобност заокружена е со нежна и пријатна финална ткаенина со есенција од лаванда, која смирува, опушта и го отстранува чувството на напнатост.

 

▪ КАРАКТЕРИСТИКИ
    - висина: 26 cm
    - единствена комбинација федери во џеб, кокосови влакна, PU и мемори пена
    - зимска страна на душекот збогатена со волна
    - завршна ткаенина третирана со екстракт од лаванда
    - проѕирна 3D трака за подобар проток на воздухот
    - зајакнување со PU пена

 

▪ ЈАДРО

Федери во џеб изработени од патентирана челична жица со дебелина 1,8 mm, двострано неткан текстил 100 g/m² и слој од кокосови влакна 1500 g/m², од една страна на душекот PU пена S-25 kg/m³, а од другата страна мемори пена VS 50 kg/m³. Јадрото на душекот на бочните страни е дополнително зајакнато со челична еластична HVT трака и PU пена S-25 kg/m³.

 

▪ ПРЕСВЛАКА

Финална ткаенина третирана со екстракт од лаванда, на летната страна конфлин 200 g/m², пухин фолија So 25 kg/m³, неткан текстил 17 g/m², а од зимската страна конфлин 100 g/m², слој волна 300 g/m², пухин фолија So 25 kg/m³, неткан текстил 17 g/m².

НАПОМЕНА

Димензии технички карактеристики за производите и цените се основани на информациите достапни во моментот на објавата. Ве молиме за сите информации да проверите во најблискиот продажен салон.

Go up

НА ВРВ

СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ